За Нас
КОИ СМЕ НИЕ
Искуството од преку дваесет години, континуираното инвестирање и посветеното надградување во полето на ентериерниот дизај и завршните ентериерни работи не изградија во најголеми профеционалци во оваа област. Професионалниот пристап и посветеноста на сите детали од понуда до водење, координирање и контролирање на сите фази ни овозможија да бидеме реализатори на најголемите, најкомплексните и проектите со високи барања и стандарди. Воведувањето на нашиот пазар на најсовремените и иновативни материјали од Европа и светот, и опсегот на работите кои ги изведуваме не направи лидери на пазарот.
Грижата за човековото здравје како и здравјето и благосостојбата на корисниците на затворените простории преку решенијата кои ги нудиме и сертифицираните материјали и системи кои се вградуваат во ентериерот а кои немаат емисии на штетни и канцерогени органски сооединенија не прават единствени на пазарот.
Благодарение на внимателниот избор на производи, нашата компанија е ценет партнер на многу хотели, банки, болници, училишта, административни и резиденцијални објекти . Клучот на успехот се крие во нашиот принцип, а тој е: без разлика дали се работи за изведба на ентериер во ресторант или приватен резиденцијален објект, канцеларии или оперска сала, хотел или банка, ние секогаш се стремиме да понудиме повеќе системи, разнообразност од бои,
дизајни и квалитет кои ќе ги задоволат потребите на објектот но и ќе се вклопат во предвидениот буџет. Нашите високо едуцирани стручни кадри, кои ќе ви понудат исклучително големизбор на изведбени ентериерни решенија и материјали, развиени и изработени од водечки европски производители, а ќе ви помогнат и при изборот на дизајн и тип на материјали, најсоодветни за вашиот ентериер, со точна пресметка на потребните количества. Со соодветниот избор на
производи и услуги, ние ги оптимизираме и рационализираме цените на производите и услугите, и на тој начин несомнено ќе се вклопиме во вашиот предвиден буџет за секоја позиција одделно, без да влијаеме на квалитетот на производите, а со квалитетната монтажа ќе ви ги пренесеме и гаранциите на производите од самите производители, како и гаранциите за монтажа.
ЗОШТО СМЕ ЦЕНЕТИ ПАРТНЕРИ НА МНОГУ ФИРМИ ОД ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО
Соработката со нас несомнено ќе ги доведе сите ваши планови и проекти до успешен крај и гарантирано ќе ги задоволи инајпрефинетите вкусови.
Нашиот млад и динамичен тим е секогаш спремен да се мобилизира во најбрз рок за било каква активност. Индивидуалниот пристап и посветеноста кон секој клиент и проект гарантира најдобар успех и задоволни клиенти. Етичкиот кодекс, лојалноста и довербата се основните начела во нашата фирма. Ние не измислуваме ,,топла вода,, , туку без отстапки, во целост ги следиме и применуваме препораките одпроизводителите а тоа гарантира врвен квалитет.
Следењто на последните трендови во ентериерниот дизајн, постојаното надградувања со занења преку следење на најголемите европски саеми , учеството на многу обуки, семенари, предавањаму овозможува нанашиот тим даможе да одовори на секаков предизвик. Професионалните и високо обучени тимови за монтажа не само што ќе ги монтираат и изведат зададените позиции, туку истите ќе бидат изведени согласно стандардите и упатствата од страна на производителот но иќе ја почитуваат проектираната динамика на работите. Ние сме во можност да ви понудиме изведба по системот клуч на рака за сите ентериерни завршни работи вклучувајќи го и опремувањето со мебел и осветлувањето, што секако ќе овозможи високо координирана, побрза, поквалитетна и поекономична изведба, но можеме да изведувамеипоединечни позиции. Представници и дистрибутери сме за повеќе компании од европа и светот и повеќе од 90% од материјалите кои ги вградуваме ги набавуваме директно од производителите, ова ни дава можност комплетно да го контролираме времето на испорака, квалитетот на материјалите и методологијата на вградување на материјалите, а секако да ги пренесеме и гарнациите за квалитет на вградените производи.