INTERIOR FIT-OUT

Скоро две децении, создаваме ентериери кои го одземаат здивот, ентериери  со високи барања,  за клиентите да уживаат во пријатниот убаво дизајниран но и амбиент кој нема штетни влијанија врз корисниците. Со неспоредлива елеганција и допир на класа, ние сме специјалисти за внатрешно уредување, подни, ѕидни и тавански облоги, столарија, мебел, и обезбедуваме внатрешно уредување и договорни решенија за луксузно угостителство, врвни станбени, комерцијални сектори...

Нашата уникатност во пристапот кон секој проект, изведбата на најситните детали до совршенство и испораката над очекувањата не направија препознатлив бренд. Ние работиме во соработка со производители, меѓународни дизајнери и консултанти кои ги спроведуваат концептите во стварност.